Црна хроника
Откриени уште три лица вмешани во трговијата фалсификувани таксени марки
По откривањето на обидот за криумчарење фалсификувани судски марки во вкупна вредност од околу 7 милиони денари на царинската испостава Јажинце на 13-ти ноември, истрагата дојде до уште други три лица инволвирани во продажбата на фалсификувани таксени марки
Во два наврата минатиот месец царинските инспектори од пред зградата на Основниот Суд Скопје 2, купиле судски и административни таксени марки од две лица кои ги продавале на тезга. Купените марки биле дадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи – Оддел за криминалистичка техника, каде по извршеното вештачење биле утврдени разлики во квалитетот на хартијата, техниката на печатење на образците, државниот грб, перфорацијата, сјајот и интензитетот на застапените бои, односно констатирано е дека судските марки биле фалсификувани. Во рамки на истрагата царинските инспектори извршија информативен разговор со двете лица, а при личен личен претрес, кај нив беа пронајдени околу 200 судски и административни таксени марки од по 50 и 10 денари, за кои по вештачењето е утврдено дека сите, освен судските марки од 10 денари, се фалсификати. За време на информативниот разговор, двете осомничени лица објасниле дека таксените марки ги купувале од околните трафики, како и од лице со иницијали Х.Б., од кое набавиле вкупно 550 судски и административни таксени марки по цена од 35 денари парче, а кои претходно биле купени од Косово за сума од 500 евра. Осомничените изјавиле дека на добавувалот Х.Б. требало да му ги исплатат парите по продажбата на марките. Трето-осомничениот, следниот ден е пронајден со себе носејќи 50 административни таксени марки од по 50 денари, за кои повторно беше утврдено дека се фалсификат. Царинската управа поднесе кривични пријави против двајцата дистрбутери, како и против добавувачот, кои се сомничат за сторено кривично дело „Фалсификување на знаци за вредност“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.