Црна хроника
Уапсени ограбувачи кои пукале врз полицајци
Полицијата соопшти дека доцна синоќа привела две лица, кои, откако оргабиле спортска обложувалница, зеле заложник, отвориле оган врз полицијата, по што им било возвратено
Лицата И.Ф (24) и А.А (19) од Скопје синоќа околу 21.45 часот влегле во обложувалницата Корнер на улица Благој Стефковски, каде под закана со оружје од вработениот одзеле околу 25 илјади денари.Кога на излегување од локалот забележале службени лица, поставени за нивно апсење, разбојниците и покај повиците да застанат и предупредувачките истрели се вратиле во обложувалницата.Откако не успеале да избегаат преку прозорецот од тоалетот, го зеле вработениот како заложник и втурнувајќи го кон полицајците избегале кон улицата “Иван Наумов Албакот“.При бегањето И.Ф. во неколку наврати пукал со пушка кон полицајците кои возвратиле.По целосно затворање на просторот двајцата осомничени околу полноќ биле пронајдени и лишени од слобода на истата улица во близина на амбулантата.Од нив се привремено одземени автоматската пушка „АК-47“ калибар 7,65 мм од кинеско производство, со рамка во која имало 21 куршум, две маски-фантомки, два пара црни ракавици, црн ранец во кој ги носеле парите, возило „Форд Ескорт со украдени регистерски ознаки и 25.000 денари кои претходно ги украле од обложувалницатаПолицијата утврдила дека истите лица стојат и зад разбојништвото кое беше извршено на 06. јануари годинава во Радишани. Тогаш од вработените во обложувалницата „Депортиво“, под закана со автоматска пушка, биле одземени 20.000 денари и еден мобилен телефон.Поради сомненија дека И.Ф(24) и А.А.(19) учествувале и во други разбојништва кои се случија изминатиов период, повеќе од 30-тина лица кои биле очевидци на овие настани се повикани на препознавање.Полицијата соопшти дека со кривични пријави за „Убиство во обид“, две „Разбојништва“ и „Недозволено држење оружје и распрскувачки материи“ ќе бидат изведени пред надлежниот Истражен судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.