Црна хроника
Приведена албанска група што ограбувала цркви
Струшката полиција против четири лица државјани на Албанија, членови на меѓународна криминална група, поднесе кривична пријава за две „тешки кражби“ извршени во цркви
Полицијата соопшти дека на лицата А.С.(36) и Д.Д. (30) од Албанија, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. Се преземаат интензивни мерки за пронааоѓање на лицата О.М. (58) и И.Б.(49) од Република Албанија.Групата во четвртокот насилно влегла во црквата ,,Св.Никола,, во селото Октиси, од каде одзеле алишта и други поситни предмети.Истиот ден се упатиле кон селото Луково каде најнапред ја разгледале околината на црквата ,,Св.Варвара,, и пристапните патишта. По направениот план, вечерта околу 19 часот, со истиот алат, насилно влегле во црквата. Додека еден од осомничените останал во возилото, другите тројца, одзеле две икони и неколку други црковни предмети. При излегување, биле забележани од месното население, по што со фрлање на иконите, почнале да бегаат, двајца со возило а другите двајца низ шумата. Набрзо потоа, пријавените А.С и Д.Д. се пронајдени и приведени во Полициската станица во Струга. Полицијата се сомнева дека четричлената криминална група, има извршено и други кражби на икони и вредни предмети од Македонските православни објекти, кои ги продавале во Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.