Црна хроника
Околу 20.000 евра украдени од експозитурата Стопанска банка во Ново Лисиче
Околу 20.000 евра биле украдени при вчерашниот грабеж на експозитурата на Стопанска банка во скопската населба Ново Лисиче, дознава Макфакс
Истрагата е сеуште во тек, а досега никој од банката не сака да го коментира случајот.Неофицијално се дознава дека банката до Министерството за внатрешни работи пријавила дека при вчерашниот грабеж биле украдени 20.000 евра.Грабежот се случил во петокот попладне, кога две маскирани лица влегле во експозитурата и почнале да им се закануваат на вработените да им ги дадат парите или ќе извадат оружје.Исплашени за својата безбедност, вработените им ги дале парите, но не се знае дали разбојниците биле вооружени или само се заканувале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две лица од Тетовско измамени за 11 илјади евра: Албанец им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, ниту отворил, ниту ги вратил парите
Педесет и седумгодишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврати му платиле вкупно 11 илјади евра, извести СВР Тетово.
„Но, ниту фирмата им била отворена, ниту парите им ги вратил, по што сфатиле дека се измамени“, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.