Црна хроника
Пронајдени остатоци од детско тело во Прилепско
Како што информираше директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, најдени се делови од човечко тело на кои имало и остатоци од ткиво, облека и коса, а најдено е местото каде што се распаѓало телото
Делови од човечко тело се пронајдени во недела околу пладне во атарот на прилепското село Пештани, два километри од селото Дуње од каде пред половина година исчезна петгодишната Ангела Ѓерѓиоска.Деловите ги забележал и пријавил жител на село Селце кој бил на лов во атарот на селото, поточно на местото Самовилец. Телото кое било најдено не било закопано, туку било на отворен простор, во близина на дрво.Од полицијата се’ уште не соопштуваат дали тоа е телото на малата Ангела од прилепско Дуње, која исчезна во јули минатата година.Увидна екипа на прилепската полиција веднаш дошла на терен, а за дополнителни проверки биле испратени и вешти лица од Одделот за крим-техника од Скопје.Од извори од судска медицина дознаваме дека остатоците биле најдени вчера претпладне. Екипа на Институтот за судска медицина од Скопје извршила увид на самото место, при што се евидентирани коскиод човечки скелет, дел од череп (мала детска глава), две ребра и една подолга коска. На коските имало траги од животински заби, а со дополнително вештачење ќе се утврди дали трагите се од волк, куче или лисица. Сиот материјал е земен за дополнителна ДНК анализа.Полициските екипи со увид продолжија и утринава, така што заедно со експертите од судска медицина работат на утврдувањето на идентитетот на починатото лице, како и на причините поради кои настанала смртта.„Заради чувствителноста на темата во моментов не би можеле да излеземе со дополнителни детали околу возраста или времето на настапувањето на смртта. Во најкус можен рок ги очекуваме резултатите од вештачењето на деловите од облеката кои беа пронајдени во непосредна близина, како и ДНК анализата со која би го потврдиле идентитетот“ стои во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.