Црна хроника
Грабеж на црквата на Попова Шапка
Извршена е кражба на манастирската црква Свети Наум Охридски чудотворец на Попова Шапка, соопшти СВР Тетово
Според истиот извор обиени се две метални сандачиња во кои се собираат доброволни парични прилози од верниците и од нив се одземени парите.Грабежот, како што се наведува бил извршен вчера во периодот помеѓу 8 и 10 часот. Ограбувачите влегле низ отворената врата, ги украле парите и незабележано заминале. Кражбата во Црковниот одбор и во СВР Тетово ја пријавило лице кое најчесто ја отвора и затвора црквата, вработено во соседниот објект.При увидот пронајдени се клешти и метален предмет со кои најверојатно биле отворени сандачињата. Полицијата презема активности за откривање на сторителите и за утврдување на вкупната штета. Во црквата „Свети Наум Охридски чудотворец“ на Попова Шапка досега немаше регистрирано провали и кражби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.