Црна хроника
Еден загинат во сообраќајна несреќа
Една жена загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Градско-Прилеп, кај местото наречено „Речка спирка“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи
Според истиот извор, до несреќата дошло вчера кога 64-годишниот А.С. од Крушево, управувајќи возило марка „понтијак“ со битолски регистарски таблички, излетал од коловозот.На лице место починала сопатничката во возилото 61-годишната Антинула С. од Крушево. Увид на лице место извршиле Истражен судија, Јавен обвинител и екипа на кавадаречката полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.