Контакт

Црна хроника

Кривична пријава за екс градоначалникот на општина Чашка

Објавено пред

Поранешниот градоначалникот на општина Чашка четириесет и четири годишниот С.М заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување

dobivaj vesti na viber

За рекултивација на старата депонија „Долг рид“ тој како градоначалник одбрал фирма која немала ниту економски најповолна понуда ниту најниска цена. На тој начин ја оштетил општината за  820 илјади денари. Во текот на 2008 година Комисијата за јавни набавки од општина Чашка објавила  оглас за прибирање најповолна понуда, на кој се пријавиле три фирми. По отварањето на понудите било констатирано дека фирмата „Бас проект“ понудила 1.498.600 денари, фирмата „Маријас пром“ 680.000 денари   додека во понудата на третопријавената фирма „Виана компани“ комисијата констатирала дека  нема никаква документација. По извршеното бодирање фирмата „Маријас-пром“, со понуда од 680.000 денари, била  избрана како најповолен понудувач, меѓутоа, во записникот  било констатирано дека фирмата  ја повлекла понудата наводно  поради презафатеност со други проекти кои биле распишани во тоа време во општината Чашка.Според портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес веднаш  извршиле разговор  со членовите на комисијата за јавни набавки и  истите им изјавиле дека пријавениот С.М. на ден 16.06.2008 година им рекол дека фирмата „Маријас пром“ ќе ја повлече понудата затоа што не била  во можност навремено да ги завршат работите. По ова комисијата без да ја има во предвид изјавата од истиот датум ги завршила сите работи, а екс градоначалникот  го извршил изборот. Фирмата „Маријас пром“ била најповолен понудувач, но таа се повлекла и екс градоначалникот ја избрал второрангираната фирма „Виана Компани“. Одлуката  ја доставил до директорот на јавното комунално претпријатие ,,Тополка,,. Тој  потпишал договор со ,,Виана-компани,, во  износ од 1.197.500 денари.  На 11.08.2008 година   договорот бил дополнет за уште  302.500 денари, односно вкупната сума од двата договора изнесувала  1.500.000 денари. Толку колку што всушност одобрило министерството за животна средина и просторно планирање. Со ова С.М.  злоупотребувајќи ја својата функција,  овозможил фирмата Виана-компани да се стекне со имотна корист од 820.000 денари, со што за истата сума ја оштетил општината Чашка.Во обвинението на СВР Велес се  вели дека екс градоначалникот на Чашка и претходно бил  пријавуван за кривични дела против службената должност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Уапсена жена во Гостивар, ограбила продавница

Објавено пред

Вчера во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела

Објавено пред

По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец ја истепал сопругата

Објавено пред

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.

dobivaj vesti na viber

Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.

Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет3 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет3 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија3 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион3 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет4 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет4 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија18 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија19 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија21 час

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија22 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија22 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...