Црна хроника
МВР: Заталкан проектил направил дупка во штабот на СДСМ
Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека предметот кој направил дупка во изложното место на штабот на СДСМ во Аеродром не е пронајден, но се претпоставува дека се работи за заталкан проектил
Од увидот, како што соопшти МВР се претпоставува дека проектилот бил во слободен пад и практично немал никаква моќ и најверојатно само го оштетил стаклото, а бил испукан од голема далечина можеби и неколку километри.Увидот од страна на стручни лица е продолжен и денеска, но проектилот не е пронајден што го отежнува испитувањето на претпоставките од која населба би можело да биде испукан.Според МВР е извесно дека истиот не е испукан од далечина од која што визуелно би можел да се види објектот за воопшто да може да се претпостави дека истиот би бил некаква цел.Оттаму МВР апелира да престанат обидите кревање тензии преку манипулација на јавноста. Досега од страна на Општинската организација на СДСМ Аеродром нема пријава за никакви закани, ниту притисоци и без да навлегуваме во вистинитоста или мотивите за изнесување на вакви информации, потсетуваме дека полицијата им стои на располагање, се наведува во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.