Црна хроника
Полицијата уапсила еден напаѓач од вчерашниот инцидент
Се уште не се знае кој ја направи тепачката на плоштадот Македонија во која вчера беше повредено едно дете. Полицијата на разговор повикала членови од навивачката група Комити, но успеала да идентификува само едно лице како напаѓач.
„Доцна синоќа на разговор во полициска станица повикани се неколку лица, членови на навивачката група Комити, кои претходно заминале од фудбалскиот натпревар Вардар – Работнички кои се одиграл на Националната арена – Филип Втори во Скопје. Засега еден од нив е идентификуван дека бил присутен на плоштадот за време на инцидентот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а во тек се проверки и повикувања и на други лица за кои постои сомнение дека учествувале во инцидентот“, соопштуваат од МВР.Според информациите од МВР, синоќа на монтажното лизгалиштето лоцирано на плоштадот од страна на поголема група, засега непознати лица нарушен е јавниот ред и мир со фрлање на бетонски коцки и метални шипки при што повредено е едно дете. Полицијата реагирала откако Н.П пријавила дека 20 до 30 непознати машки лица на возраст од околу 16 до 18 години облечени со црни јакни, капи и шалови на главата, кои дошле од правец на ЕСМ кон Сити галери и плоштадот, почнале фрлаат тврди предмети кон лизгалиштето. Од фрлените предмети било повредено едно единаесет годишно дете кое веднаш било префрлено во Градската општа болница. Утврдено е дека детето се здобило со раскостина на главата. Групата, според кажувањето на очевидци, по кратко време избегала со трчање кон ГТЦ, а потоа и кон паркот Жена парк.За да го разјасни случајот, полицијата користела и видео снимки објавени на некои медиуми, а извршени се проверки и на видео надзорот од мониторингот на ГТЦ Скопје. Во расчистување на инцидентот се вклучи и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој ќе ја испитува евентуалната одговорност на службените лица задолжени за обезбедувањето на натпреварот. До надлежните Полициски станици, се уште не е пристигната ниедна пријава од граѓаните кои веројатно биле цел на нападот. Заради побрзо и поефикасно расчистување на инцидентот, МВР апелира оштетените да дојдат и да пријават, а истото да го сторат и останатите очевидци доколку поседуваат какви било сознанија кои би можеле да и користат на полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.