Црна хроника
Пет кривични пријави против хулиганите од плоштадот
Министерството за внатрешни работи ќе поднесе пет кривични пријави за дел од хулиганите кои во саботата фрлаа бетонски коцки и метални шипки врз присутните на лизгалиштето на плоштадот „Македонија“, при што беше повредено едно дете
Полицијата идентификуваше осум учесници во нападот, меѓу кои има и ученик во основно училиште. Повеќето од напаѓачите се деца на возраст од 14 до 20 години.Во полиција биле испрашувани во присуство на родител и инспектори за малолетничка деликвенција. Полицијата се уште нема сознанија дaли зад присутните на плоштадот стои организирана група на други навивачи.„Според податоците со кои досега располагаме од другата страна немало организирана група. Дел од лицата против кој ќе бидат поднесени кривични пријави велат дека помислиле дека станува збор за навивачи на друг фудбалски клуб, но барем за сега нема никакви сознанија дека и од другата страна имало организирана група. Напротив станува збор за провокација без никаков посебен повод и причина од групата навивачи кои се враќале од градскиот стадион“ вели портпаролот на МВР Иво Котевски.Котевски вели ќе продолжат разговорите со други лица, за кои постојат сомневања дека биле вмешани во инцидентот и доколку тие Сомневања се потврдат, МВР најавува нови кривични пријави. Ќе се испитува и дали полицајците постапиле правилно во случајот и дали реагирале навремено.Велат и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР се вклучил во истрагата, ќе се испитува дали полицајците постапиле правилно во случајот и навремено реагирале. Доколку се утврдат непочитување на обврските од страна на полицајците и тие ќе биде санкционирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.