Црна хроника
МВР: Заплената на оружјето е тежок удар за екстремистите
Очекувано е по големата полициска акција да се јават поединци и групи со различни ставови по медиумите, бидејќи заплената на оружје беше огромна и со тоа им се нанесе тежок удар на ваквите групи
Ова e реакцијатана Министерството за внатрешни работи, откако ОНА преку соопштение испратено по електронска пошта до редакцијата на Алсат-М телевизија, ја презеде одговорноста за инцидентот на Блаце.„Се информира албанската јавност во БЈРМ дека на ден 28.04.2010 кај месноста Студен на Скопска Црна Гора,каде се наоѓал пункт за снабдување на ОНА,нашите војници наидоа на заседа на вооружените сили на славомакедонците“ стоеше во вчерашното соопштение испратено од организацијата.Во него, дури се вели дека исходот од акцијата на полициските специјалци е “еден убиен од страната на непријателот и еден е полесно повреден војник од единицата за логистика на ОНА“. МВР оваа информација ја оценува како апсолутно неточна.
По соопштението владејачката ДУИ ги повика граѓаните да не подлегнуваат на вакви провокации. „Лидерот на војната во Македонија беше и засекогаш ќе остане Али Ахмети“ стои во реакцијата на ДУИ. За опозициската ДПА, ваквиот став на ДУИ е заплашување не само на премиерот Никола Груевски, туку и на целата јавност.Полицијата минатата недела во близина на македонско-косовската граница,по судир со група од 12 униформирани лица, кои ги чувале бункерите, заплени огромно количество современо оружје, вклучувајќи мини, рачни фрлачи, гранати и тешки митралези.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.