Црна хроника
Ограбеното поштенско комбе не го обезбедувала полиција
Поштенското возило кое утрово беше ограбено од страна на вооружено лице на релација Ресен – Царев Двор не било обезбедувано со полиција
„Бидејќи од страна на Подружница Битола не е почитувана наредбата од генералниот директор на АД Македонска пошта, г. Ејуп Рустеми за асистенција на полиција при пренесување на парични средства, менаџерскиот тим на Македонска пошта ги разгледува можностите за преземање на соодветни мерки на одговорност по повод денешниот настан“ се вели во соопштението на Македонска пошта.Пензионерите ќе ги примат своите пензии утре, информираат од таму. Разбојник утрово украде засега непозната сума на пари наменети за пензии од тројца вработени во АД „Македонски Пошти“ – Ресен.Откако еден од вработените излегол од возилото со вреќа во која имало пари за исплата на пензии, сторителот го испрскал со спреј и со вперен пиштол му ја одзел вреќата со пари а потоа ги избркал останатите двајца од возилото, и со истото се упатил кон село Езерани.Подоцна полицијата го пронашла возилото во близина на Езерани, оштетено и со отворени врати.На местото на настанот се врши увид, по што ќе биде утврден точниот износ на украдените пари. Полицијата трага по сторителот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.