Црна хроника
Исто лице пукало во Бутел и во Кисела Вода
Ист сторител утрово убил во Бутел, пукал во Кисела Вода, а потоа се обидел да се самоубие. Зоран Андоновски (50) утрово околу 8.40 часот го уби педесет и осумгодишниот Ристо Дичевски на улица „Алекса Дундиќ во населбата Бутел
Со неколку истрели го застрелал и избегал. Дичевски им подлегнал на повредите во Ургентниот центар.Потоа Андоновски заминал во населбата Кисела вода, каде во кругот на општинската зграда повреди три лица. Во бараката број 10, соба број осум влетал вооружен и повредил тројца вработени во фирмата Латом-ИНГ, Скопје. Неофицијално, Андоновски работел во фирмата Галатеа, која е сместена во истата барака на неколку метри од собата број осум.Според непотврдени информации, причина за пукањето биле нерасчистени сметки, за кои се водел и судски спор.Двајца од вработените со огнострелни рани беа пренесени во Ургентниот центар, едниот со повреда на левото рамо, а другиот со повреда на вратот. Нивната состојба е стабилна. Третото лице што било повредено со тврд предмет не било однесено во Ургентниот центар.По извршените злосторства полицијата го лоцирала Андоновски во стан во Аеродром. Таму биле упатени полициски екипи за лишување од слобода. „Откако пристигнале полицајците, истиот ја одбил наредбата да се предаде, по што од внатрешноста на станот се слушнал истрел. Полицијата влегла во станот и констатирала дека осомничениот од пиштол си испукал еден куршум во стомакот“ велат од МВР.Моментално се наоѓа на една од скопските клиники.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.