Црна хроника
Напаѓачот на таксистот во Ченто, можен убиец на кумановскиот бизнисмен
Напаѓачот на таксистот од компанијата „Експрес“ кој беше ранет во населбата Ченто пред неколку дена, е можниот убиец на кумановскиот бизнисмен кој беше убиен на петти јуни од непознато лице кое му заѕвонило на вратата во неговиот дом, дознава Макфакс од неофицијални полициски извори
Извори од Министерството за внатрешни работи велат дека неколку осомничени се повикани на разговор за случаите, но се уште официјално не ја потврдува информацијата.Според СВР Куманово, непознато лице со пиштол во раката на 5 јуни околу 22.30 часот дошло во куќата на триесет и деветгодишниот кумановски бизнисмен Горан Трајановски. Кога тој ја отворил вратата збунет од маскираното и вооружено лице ја повикал својата сопруга. Настанала мешаница во која маскираниот го застрелал кумановецот и иако неговата сопруга веднаш повикала брза помош, во ургентниот центар во Куманово, била констатирана смрт.Пред само неколку дена пак, на 10 јуни, таксистот од компанијата „Експрес“ околу 23:00 часот беше ранет од страна на патници што ги возел, информираа од МВР.Инцидентот се случил кога двајца патници, машко и женско лице влегле во таксито на улица „Благоја Стефковски“, пред кино Маџари. Кога стигнале на улицата „Јужноморавски бригади“ во населбата „Методија Андонов – Ченто“, машкото лице му вперил пиштол на таксистот и му побарал пари. Таксистот се бранел дека нема пари, по што машкото лице му испукал еден куршум и му нанел повреда во пределот на образот. Двајцата патници избегале, а на таксистот му била укажана помош од случајни минувачи. Пренесен е и задржан во Ургентниот центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.