Црна хроника
Започнува судењето за глисерската несреќа
Во Основниот суд во Охрид денеска треба да започне судскиот процес против триесет и едногодишниот охриѓанец Христијан Шапкар, кој е осомничен дека ја предизвика глисерската несреќа, која што се случи минатото лето во Охридското Езеро
Тогаш животот го загуби триесет и деветгодишната скопјанка Ирина Романова-Муцунска.
Веднаш по несреќата, која што се случи на 22 август минатата година, Шапкар заработи кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а истражен судија му одреди 30-дневен притвор.
Осомничениот, притворот го одлежа додека се лекуваше во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, по што беше пуштен да се брани од слобода.
Според првичните детали од истрагата, кои беа соопштени по несреќата, Христијан, управувал глисер од марката „сидо“.
Со него биле неговата сопруга Ивана, 28-годишен државјанин на Сирија и 17-годишна охриѓанка.
Муцунска управувала глисер „регал“. Поради брзина поголема од дозволената, глисерот на Шапкар поминал над глисерот на загинатата и го преполовил. Страничниот удар бил толку силен, што Муцунска починала на самото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.