Црна хроника
Кичевскиот бизнисмен бил убиен по грешка
Кичевскиот бизнисмен Џемаил Ајрула, кој синоќа беше изнашетан во центарот на Кичево, бил убиен по грешка, соопшти СВР Охрид
Убиецот Јусуф Бајрами, кој полицијата го уапси рано утрово околу 3 часот во селото Стрелци, имал друга цел.Според СВР Охрид, Бајрами сакал да убие друг кичевец кој заедно со Ајрула седел во ресторан во центарот на Кичево. Сакал да се одмазди за тепачка која се случила пред четири години. Според нивните информации, убиството се случило кога од ресторанот прв излегол Ајрула, па Бајрами мислејќи дека тој е неговата мета, го изрешетал со калашников.
Според првичните информации, како и исказите на очевидците, убиството се случило кога убиецот од возило во движење пукал кон бизнисменот кој се возел со мотор.
Според тие информации, убиецот наводно се препознал во друго лице со кое имал нерасчистени долгови.Кичевскиот бизнисмен се вратил од САД во родното Кичево само пред неколку дена. Тој бил убиен на најфреквентното место во Кичево, на улиците „Амит Челопеченец“ и „Белградска“.
На местото на убиството се пронајдени 23 чаури од огнено оружје. Пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано и е испратена на вештачење, соопшти СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.