Црна хроника
Тројца тетовци осудени на 30 години затвор
Основниот суд Тетово во првостепена постапка ги осуди 23-годишниот Хаки Шабани на затворска казна од 20 години, а по пет години затвор им изрече на 20-годишниот Јумни Џемаили и четири години постариот Агим Мифтари
До правосилноста на пресудата Хаки ќе остане во притвор додека другите двајца ќе се бранат од слобода. Тетовското обвинителство најави жалба на пресудата, пренесува КИСС.Тројцата минатата година во атарот на тетовскоте село Ѓермо со девет истрели од автоматска пушка го убиле 58-годишниот Исмет Јахија.Убиството се случило лани на 14 септември а мотив бил заостанат долг за кирија. Хаки околу една година живеел во станот на Исмет Јахија во тетовската населба Блок 82. Критичната ноќ околу 20 часот тргнале кон Ѓермо да му ги даде парите што ги должел за кирија за два месеца. Пред селото каде ги чекале Јумни и Агим застанале. Тројцата физички го нападнале Исмет по што Хаки ја зел пушката од Јумни ја репетирал и истрелал девет куршуми кон него. Старецот на самото место им подлегнал на повредите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.