Црна хроника
Прилепчанец злоставувал момче во манастир
Прилепчанец злоставувал 13–годишно момче во манастирот „Света Богородица“ кај Трескавец, поптврдија од Министерството за внатрешни работи
Триесет иедногодишниот прилепчанец го злоставувал момчето во гостинската соба на манастирот, каде што престојувале заедно со уште две други лица.Додека го вршеле гнасниот чин, забележале дека некој доаѓа во нивната соба. Се исплашиле да не бидат фатени на дело, па злоставувачот без облека скокнал од камбанаријата на висина од четири метри, а момчето избегало во друг правец.Во информативниот разговор со полицијата, момчето кажало дека и претходно имало односи со триесет иедногодишниот прилепчанец и рекол дека бил злоставуван и од едно од лицата кое било заедно со нив во манастирот. Против двајцата се поднесени кривични пријави
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.