Црна хроника
Скопјанец преживеа удар од воз
Воз удри 75 годишен скопјанец утрово кај железничката станица „Рајко Жинзифов“. Машиновозачот продолжил кон Скопје оти не го ни забележал старецот
Воз утрово прегази 75 годишен скопјанец на 300 метри од железничката станица „Рајко Жинзифов“. Старецот се движел покрај пругата и имал намера да се качи на воз за да патува кон Скопје.Настанот се случил околу шест часот. Машиновозачот од возот којшто го удрил старецот не ни забележал, па си продолжил да сообраќа на релација Битола – Скопје. Неколку минути подоцна лицето го забележал друг машиновозач кој превезувал вработени од „Македонски железници“ и го однел во општата болница во Велес.Од таму лекарите велат дека 75-годишниот скопјанец бил во шок од ударот но контактибилен. По прегледите кај него се констатирани скршеници на рамото и клучната коска.Исражен судија и екипи на полицијата направиле увид на мастото на несреќата. Допрва ќе се испитува зошто машиновозачот не застанал на местото. Истрагата треба да утврди и зошто старецот се движел покрај пругата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.