Црна хроника
Една жртва во сообраќајка во струмичко
Едно лице загина при превртување на автомобил што ноќеска се случило на магистралниот пат Струмица – Радовиш, информираат од Министерството за внатрешни работи
Несреќата се случила кога автомобилот, марка „ауди 80“ со бугарски регистарски таблички, во кој се превезувале четири лица, излетал на левата страна од патот и се превртел. Во несреќата загинал 34-годишниот сопатник Блажо М. од селото Добрашинци, а повредени се 42-годишен негов соселанец, кој управувал со автомобилот, како и двајца сопатници, на возраст од 38 и 22 години. По укажаната лекарска помош, возачот на автомобилот е задржан на болничко лекување, додека сопатниците се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на инцидентот извршиле Истражен судија, Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.