Црна хроника
Тепачка пред кабаре во центарот на Охрид
Доцна синоќа околу 2 часот и 30 минути, во кабарето „ДАК“ лоцирано на Кејот „Маршал Тито“, настанала тепачка во која биле вклучени четворица охриѓани
Двајца од нив се сретнале на терасата од кабарето, по што настанала меѓусебна расправија која подоцна прераснала во тепачка.Едниот од нив се здобил со видливи повреди во пределот на носот. Во тепачката интервенирала и полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.