Црна хроника
Струен удар можна причина за смртта на тројцата стружани
Три тела беа пронајдени попладнево во водите на Охидското Езеро во близина на плажата „Галеб“ во центарот на Струга
Според првичните непотврдени информации, станува збор за тројца повозрасни мажи, видни граѓани на Струга со иницијали Ј. Д., К. Ѓ., Ј. K.,пренесе Ohridnews. Очевидци кои ги препознале починатите велат дека станува збор за Јосиф Докоски, познат хирург и неговиот колега анестезиолог, двајцата од стушката болница, Кире Ѓоргоноски на околу педесетгодишна возраст и нивниот пријател Јонче Кувенџиески Шишко, на околу 40-годишна возраст, финансиски инспектор во УЈП, каде порано бил началник.Според засега непотврдени инфромации, двајца од починатите биле вработени во Медицинскиот центар во Струга, анестезиолог и хирург, а третиот бил вработен во Упрвата за јавни приходи. Од СВР Охрид се уште не излегуваат со официјални податоци, освен дека во текот на денот до нивните служби не биле пријавени случаи на исчезнати лица. Во текот на вечерта ќе биде извршена обдукција на телата со цел да се утврди причината за смртта на тројцата стружани. Неофицијално, на телата не се забележани траги на насилство и се претпоставува дека смртта настапила како последица од струен удар. Натамошната истрага треба да утврди дали оваа првична вест е точна.Во близина на местото каде беа пронајдени телата, се наоѓаат бројни полициски и медицински екипи, како и голем број граѓани на Струга кои со неверување ја примија непријатната вест. Во тек е увидот кој го вршат екипи на полицијата, истражен судија и јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.