Црна хроника
Се истражува тепачката меѓу средношколците
Полицијата и специјалната единица „Алфи“ кај тројца малолетници пронајде ладно оружје при претресот на повеќе средношколци со цел расчистување на вчерашниот инцидент што се случи во „Автокоманда“, кога еден средношколец беше расечен со нож, соопшти МВР
Кај средношколците биле пронајдени нож, метален боксирач и метална шипка. Полицијата сè уште собира сознанија и презема мерки, со цел расчистување на случајот. Инцидентот се случи вчера попладне во автобус со број 50, кој сообраќал на релација Маџари – Центар. Додека автобусот стоел на постојка во „Автокоманда“, дошло до тепачка меѓу две групи на ученици од албанска и македонска националност. Еден средношколецот од училиштето „Михајло Пупин“, кој што бил во автобусот, беше расечен со нож на ногата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.