Црна хроника
Судење за тројно убиство во Скопје – „Убив за да си ги спасам децата”
Пред петчлениот судски совет и полна сала роднини на жртвите проговори Тони Денковски, обвинет за трикратно убиство во Скопје во ресторанот „Биг фиш“
Тони Денковски до денеска молчеше за мотивите поради кои со автоматска пушка изрешета тројца во септември годинава. Убиени беа Јордан Јорданов, Влатко Андреевски и Владо Милошев.„Морав. Немав друг излез. Ми се закануваа дека ќе ги повредат децата”, кажа Денковски пред судот и ја раскажа целата приказна зошто посегнал по автоматската пушка и каде бил по убиството.„Пред неколку месеци Јорданов ми побара пари за долг кој го немав. Долгот го измисли. Наводно сум му должел пари за автомобил купен пред повеќе години. Се работеше за 11 илјади евра. Никогаш не сум му должел пари а тој и негови луѓе секојдневно ми ги бараа”, раскажуваше Денковски пред судот.Појасни дека се обидел да се види со Јорданов за да се разберат околу долгот, но Јорданов упорно го одбивал.Луѓето што му се јавувале му велеле: ” Немој да ги криеш децата со различни автомобили. Знаеме каде оди ќерката, а и синот. Син ти личи на женско па може и да го прошетаме. А после можеби и ќе ти каже како си поминал”, биле заканите кои Денковски ги добивал секојдневно по телефон.Вечерта кога се случило убиство Денковски влегол да вечера во ресторанот каде ги виделе Јорданов и неговите пријатели. По кратко време Јорданов му покажал на часовникот и му рекол за половина час да донесе пари, по што Денковски излегол од ресторанот.Автоматската пушка ја зел од куќа во населбата Припор. Се вратил и го изрешетал Јорданов.Пред да пука само му рекол: „Дигни ја главата”. Видел дека некој од масата се фатил за појас и најверојатно од страв да не извадат пиштоли ги убил и другите. Потоа заминал со такси кон Куманово каде на првата патарина се симнал.Останал цела вечер во околните ниви, утредента отишол во полиција и со зборовите „јас сум за пукањето” се предал.Беа сослушани и двајца сведоци, девојката која не беше повредена а беше на маса со убиените и сведок на пукањето. Девојката не зборуваше само кажа дека сите детали ги кажала во истрага а момчето рече дека денковски кога влегувал во ресторанот имал тап поглед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.