Црна хроника
Фирма од Скопје со измама не платила околу 40 илјади евра царина
Кривична пријава против една фирма од Скопје и нејзиното одговорно лице, поднесе Царинската управа поради сомнение дека е одбегнато плаќање на царински давачки во износ од 2.378.576,00 денари (38.700 евра)
Осомничените во текот на 2009 и 2010 г., со 25 увозни царински декларации увозно оцариниле кондиторски производи со потекло од Бугарија, за кои се поднесени фактури со вкупна вредност од 310.891,36 евра.Македонската царина се одлучила да спроведе детална анализа, поради тоа што увозникот е правно лице против кое веќе имало поднесено кривични пријави.Притоа било констатирано несогласување во однос на цените и прикажаната вредност на стоките на веќе увезени артикли од исти или слични тарифни броеви.Предметните фактури биле испратени на проверка кај бугарската царинска служба од каде е добиен одговор дека оригиналните фактури значително се разликуваат од приложените, односно вистинската вредност на стоката изнесува 506.677,44 евра, врз основа на што се утврдени избегнати царински давачки во износ од 2.378.576,00 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.