Црна хроника
Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на патот Штип – Делчево
Едно лице загина, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Штип – Делчево, кај селото Чифлик, соопшти полицијата
Според информациите на полицијата, до несреќата дошло кога автомобил „форд мондео“ со штипски таблици околу 3 часот излетал од патот кај селото Чифлик и удрил во канал за наводнување.Од силниот удар на местото на несреќата починал триесет и двегодишниот Александар Арсов од селото Чифлик, кој што бил патник во автомобилот. Другите двајца патници се повредени и се пренесени на лекување во болницата во Кочани.Се утврдуваат причините поради кои автомобилот излетал од патот.Арсов е веќе 143-та жртва од сообраќајни несреќа на македонските патишта оваа година. Минатата седмица беше одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, со поставување 160 чифта чевли, како симбол на 160-те загинати во сообраќајни несреќи минатата година. Крвавата статистика покажува дека во првите десет месеци од годинава во Македонија се регистрирани 139 жртви, наспроти 136-те евидентирани за истиот период лани, но во помал број сообраќајни несреќи. Иако лани биле поднесени дури 250 илјади мерки за сообраќајни прекршоци, и покрај кампањата, дефинитивно е јасно дека не се само проблемот лошите патишта и застарениот возен парк на македонските грѓани, туки пред се нашата свест. А тука, не помагаат ниту драконските казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.