Црна хроника
Доживотна казна за охриѓанецот кој го искасапи својот брат
Охриѓанецот Живко Ангелески кој минатата година го искасапи две години помладиот брат Александар, доби доживотна казна, јавува Охридњуз
Зоран Јовески кој помагал во извршување на кривичното дело ќе остане зад решетки 12 години.Пресудата беше донесена денеска од страна на судијата Милчо Клишески во Основниот суд во Охрид. Бранителите на осудените изјавија дека судот донел одлука без докази и најавија обжалување на пресудата.Во судницата Живко Ангелески и Зоран Јовески изјавија дека не го сториле кривичното дело за кое се теретат и го молеа судот да ги ослободи од обвинение.Убиството, според Судот, се случило минатата година во семејната куќа на Ангелески во период од 30-ти ноември до 3- ти декември. Истрагата покажала дека Живко најпрвин го удрил по глава неговиот помлад брат со тврд предмет потоа му нанел неколку убодни рани по телото и главата и на крај го искасапил мртвото тело на делови. Зоран Јовески, пак, му помогнал да ги транспортира деловите од телото до местото каде беа пронајдени, на патот кој води до Велестово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.