Црна хроника
Застрелан разбојник и ранет полицаец при вооружен грабеж во Тетово
По кражба на златарница во Тетово се случи престрелка меѓу полицијата и група разбојници, при што според засега неофицијални и првични информации, еден од разбојниците е застрелан, а сопственикот на златарницата и еден полицаец се повредени.
Според првичните информации, разбојништвото се случило попладнево околу 18 часот кога разбојниците дошле во златарницата „Исак“ во Тетово со „опел астра“ и „опел омега“, ја ограбиле и го раниле сопственикот на златарницата.Разбојниците успеале да избегаат во правец на Јeгуновце, меѓутоа таму биле пресретнати од полициска патрола од полицската станица Теарце.Разбојниците отвориле оган кон полицијата, по што полицијата возвратила. Во престрелката застрелан е еден разбојник, кој им подлегнал на повредите, а еден полицаец е повреден во нога. Останатите разбојници ги оставиле возилата и избегале кон Радуша.Од полицијата го потврдуваат инцидентот и информираат дека потерата по разбојниците е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.