Црна хроника
Фатен скопски разбојник и крадец
Скопската полиција поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје против лицето Б.Т. викан “Шваба“ (43) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривични дела –“тешка кражба“ и “разбојништво“со што се стекнал со противправна имотна корист во висина од околу 620.000 денари.
Осомничениот лани во август дошол до станот сопственост на Љ.Г. на ул. “Јани Лукровски“ и со употреба на погоден алат насилно го скршил надворешниот дел од цилиндарот, ја отворил бравата, и влегол во станот каде претурал во сите соби и украл 5.000 евра, 30.000,00 денари, лап–топ,златен накит, два машки часовници, мобилен телефон марка и еден кожен паричник во кој имало лична карта и платежни картички. По кражбата и украденото вредно 570.000 денари Б.Т. побегнал. По неколку дена од мобилен телефон му се јавил на лицето Т.Д. (60) од Скопје лажно претставувајќи му се и предложувајќи му да се сретнат вечерта во една скопска пицерија, со образложение дека од средбата и двајцата ќе имале корист. Оштетениот ја прифатил средба и вечерта со неговиот автомобил мерцедес се паркирал во дворот на ОУ “Кочо Рацин“ наспроти пицеријата. Влегол внатре и го побарал пријавениот (под лажното име со кое се претставил) . Таму му кажале дека го барало некое непознато лице, но истиот си заминал. Оштетениот се вратил до неговото возило и само што влегол во него од совозачката врата влегол Б.Т. и му побарал 100 евра на заем. А, откако не му дал пари, насилникот со употреба на сила, со рацете почнал да го гуши околу вратот, од џебот на тренерката му ги зел парите што ги носел со себе, а потоа избегал и се упатил во непознат правец. Пријавениот со извршување на ова кривично дело – “разбојништво“ – се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари.Уапсениот Б.Т. поради извршени други кривично дела, а врз основа на потерница на Основниот суд за издржување затворска казна од 6,5 години, минатата недела беше лоциран и фатен од припадниците на мобилната единица “Алфа“ и спроведен во КПД “Идризово“ за издржување на затворската казна
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.