Црна хроника
Французин и Холанѓанец претепани и ограбени во Скопје
Двајца странски државјани во петокот брутално биле претепани и ограбени во центарот на Скопје среде бел ден, при што на едниот од нив му била скршена ногата.
Како што информираше денеска МВР, странците биле нападнати од страна на пет-шест непознати сторители во близина на трговскиот центар „Мавровка“, околу 13 часот.Цел на нападот биле еден Холанѓанец и еден Французин, но не е познато дали тие се движеле заедно, илис танува збор за два одвоени случаи.Потешко поминал М.Ф.С.Р.(1983) од Париз Франција, се здобил со тешка телесна повреда, фрактура на лева нога и бил пренесен на лекување во Ургентен центар-Скопје.Покрај повредата, напаѓачите од Французинот одземале одзеле 100 евра, возачка дозвола, картица за осигурување, картичка од банка Рајхаузен, 500,00 денари, златен цинџир и мобилен телефон марка „Нокиа“Холандскиот државјанин Ж.Л.К.(1972) истотака завршил во Ургентен центар-Скопје, но за разлика од Французинот, тој бил полесно повреден. Нему насилно му биле одземени 600 евра и 500,00 денари.ПС-Бит Пазар презема мерки за пронаоѓање на лицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.