Црна хроника
Осомничените за убиството во Охрид нема да одговараат за „свирепо убиство“
Осомничените за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што минатата година се случи во центарот на Охрид, нема да одговараат за кривично дело „свирепо убиство“, туку за учество во толпа која извршила насилство при што има смртен случај
Преквалификацијата на обвинението беше соопштена на денешното рочиште што се одржа во Основниот суд во Прилеп, кој го презеде случајот по изземањето на охридскиот суд. За ова кривично дело максималната предвидена казна затвор е до 5 години.Според новото обвинение покрај охриѓаните Митре Костоски, Илче Јоноски и српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ кому му се суди во отсуство, за истото дело по став 1 се товари и четврто обвинетиот Ѓоко Наумоски, за што е предвидена поблага казна, информираат адвокатите на одбраната. Тие се делумно задоволни од преквалификацијата на обвинението, но сметаат дека е направен одреден компромис, затоа што според нив делото за кое се товарат осомничените според доказите треба да се квалификува како учество во тепачка со смртни последици, додека преквалификацијата на обвинението за четврто обвинетиот според нив не е издржана.За убиството на српскиот турист првично беа осомничени 8 лица, а на седуммина им беше изречена мерка притвор. Четворица од нив по два и пол месеци поминати во Истражниот затвор во Шутка, поради недостиг на докази беа ослободени од притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.