Црна хроника
Мистериозна смрт на 23-годишно момче
Се’ уште нема информации кој го убил дваесет итригодишниот Михајло Чеврески, чие тело беше пронајдено во понеделникот навечер околу 19 часот на локалниот пат кон езерото Козјак, во атарот на селото Нова Брезница
Сваесет итригодишниот Михајло Чевревски, според кажувањата на полицијата, било пронајдено во шумичката на локалниот пат кон езерото Козјак, на околу 30 километри оддалеченост од Скопје.Денеска таму немаше траги кои би укажувале дека на ова место се одиграла трагедија. Екипата на Макфакс беше во селото Нова Брезница, но од малкуте жители кои ги сретнавме таму никој не знаеше за смртта на момчето. Куќите во ова село беа затворени, луѓето обично доаѓале таму за време на викендите.Еден од жителите кој повремено доаѓал во ова село, воопшто не знаеше дека имало убиство а уште помалку дека телото било најдено во близина на селото.„Не знам, првпат слушам од вас. Тука доаѓаат млади, со мотори, со автомобили, се собираат кај браната на езерото, но за вакво нешто не сум слушнал. Се собираат млади секоја вечер, ловат риби, прават забави“, ни изјави жителот кој го сренавме во селото.Според неофицијални и непотврдени информации, момчето живеело во скопската населба Кисела Вода. Од Министерството за внатрешни работи не откриваат дали има осомничени за убиството, единствено велат дека истрагата е во тек, дека работат на случајот и дека сé уште немаат резултати од обдукцијата.Безживотното тело на детето го пронашол случаен минувач со прострелна рана на главата, најверојатно од пиштол. Сестрата на момчето вчера попладне пријавила во полиција дека нејзниот брат е исчезнат и дека не се вратил дома од неделата во 21 часот.Телото на момчето беше предадено на обдукција којашто треба да покаже дефинитвно дали се работи за убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.