Црна хроника
Автомобил се забил во бандера во Кисела Вода, еден повреден
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи во недела наутро во близина на Стара рампа во Кисела Вода.
До несреќата дошло кога возачот управувајќи го возилото со голема брзина, изгубил контрола и удрил во столб на улично осветлување, по што автомобилот се запалил, но благодарение на брзата интервенција на пожарната, пожарот бил брзо локализиран.Нема информации за здравствената состојба на повредениот возач. /крај/со/ст
Извор: МКД
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.