Црна хроника
БиХ: Уапсен осомничен за убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ
Припадниците на полицијата во босанскиот град Брчко го уапсиле во саботата утрото српскиот државјанин Небојша Ројко наречен Вихор, кого српската полиција го бара поради сомневање дека во Белград ја убил тамошната позната пејачка Јелена Марјановиќ, потврди полицијата на Босна и Херцеговина.
„Тој е уапсен и приведен во полицијата, по што над него ќе биде извршена криминалистичка обработка“, изјавил портпаролот на полицијата на дистрикот Брчко, Халид Емкиќ. Појаснил дека Ројко е уапсен во населбата Грбавица, а по испитувањето е предаден на Службата за странци на БиХ
Осомничениот Ројко, кој е во бегство по бруталното убиство на српската пејачка Јелена Марјановиќ, е веќе предаден на Службата за странци и потоа ќе биде однесен во Имигрантскиот центар на БиХ, пишуваат сараевските електронски медиуми.
По Ројко српските власти немаат распишано потерница, но тој е уапсен врз основа на написи во медиумите, навеле од Службата за странци на НиХ.
Небојша Ројко наречен Вихор (виор) побегнал кога полицијата упаднала во неговиот дом, кое се наоѓа во населбата Црвенка крај Белград, само неколку стотина метри од местото каде што е убиена Марјановиќ. Од тој момент српската полиција интензивно трагаше по него.
Несреќната 32-годишна пејачка беше убиена на еден од насипите крај Белград, а убиецот, според наводите на српските медиум, ѝ ја смачкал главата со бејзбол палка.
Исчезнувањето на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ беше пријавено минатата сабота (2-ри април), откако по 15 часот не се вратила од трчање на насипот во Борча. Исчезнувањето го пријавил нејзиниот сопруг, кој со неа и ќеркичката бил на насипот, пред Јелена да отиде на трчање, по што ѝ се губи секаква трага. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.