Црна хроника
Четиригодишна затворска казна му се заканува на возачот што изгази 19-годишно момче
Возачот кој прегази и усмрти 19-годишно момче, бил пијан, во крвта му биле утврдени 2,43 промили алкохол, а сега се соочува со казна затвор од најмалку 4 години, одреден му е куќен притвор и одземена му е возачката дозвола.
Кривичната пријава за случената сообраќајната несреќа од 20-ти септември годинава, кога возач на патничко возило удри во сега починатото деветнаесетгодишно момче Х.К. во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна на 8-ми ноември.
Надлежен јавен обвинител веднаш започна со дејствија во насока на прибирање на податоци и утврдување на фактите. Донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое може да се добие затворска казна од најмалку 4 години.
Побаран е извод од крим евиденција за осомниченото лице кое управувало со моторното возило, наредено е сообраќајно техничко вештачење и прибирање на потребни податоци. Надлежниот обвинител веднаш ги повика за давање исказ лице сведок на настанот и осомниченото лице.
Од досега преземените дејствија утврдено е дека во моментот на случувањето на сообраќајната несреќа осомниченото лице го управувало возилото со 2,43 грам промили алкохол во крвта и со неприлагодена брзина.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, како и дека има потреба за непречено водење на истрагата, надлежниот обвинител до судот достави Предлог за определување на мерка – куќен притвор за осомниченото лице и Мерки на претпазливост – Одземање на возачка дозвола и Забрана за издавање нова возачка дозвола за осомниченото лице. Предложените мерки беа прифатени од судијата на претходна постапка со донесување на Решение од Основниот суд Скопје 1 Скопје./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.