Црна хроника
Двајца загинати во сообраќајки во Скопје
Две лица загинаа во две одделни сообраќајки што се случиле во вторникот попладне во Скопје, соопшти МВР.
Првата сообраќајка се случила во 17.44 часот на локалниот пат од Долно кон Горно Лисиче, кога автомобил „југо“ со скопски регистерски таблици излетал од патот и удрил во дрво. Дваесет и двегодишниот возач на автомобилот бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде била констатирана смрт.Во другата сообраќајка настрадале двајца пешаци, а едниот починал на лице место.Сообраќајката се случила во вторникот пет минути по 19 часот во близина на главната капија на фабриката „Железара“. Автомобил марка „рено“ удрил во двајца пешаци на улицата „16 Македонска бригада“. Едниот пешак починал, а другиот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.Полицијата ги истражува причините за сообраќајките./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.