Црна хроника
Единаесет лица убиени во една ноќ во Сао Паоло
Единаесет лица загинале во рок од помалку од шест часа ноќта кон петокот во еден кварт во бразилската метропола Сао Паоло, објави во саботата тамошната полиција која покренала истрага за можна поврзаност меѓу овие убиства.
Се претпоставува дека насилството избувнало прво во квартот Жардим Сао Луиш, јужниот дел Сао Паоло, на четири различни места, коишто меѓутоа се многу блиски, соопшти секретаријатот за јавна безбедност.
Претставници на истрагата изјавиле дека сите единаесет убиени имале криминални досиеја, како и дека се поврзани со случаи на силувања и продавање на дроги. Со помош на очевидци, полицијата издала потерница со фоторобот на еден од осомничените убијци./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.