Црна хроника
Го натепал поради паркинг место
Во саботата околу 13 часот во Скопје на улица „Владимир Положановски“ позади трговскиот центар, 27-годишниот Н.С. од село Марино, бил нападнат со гумена палка од засега непознато лице кое било со возило „Цитроен Ц4“ и при тоа сторителот со гумената палка го оштетил и неговото возило „Рено Меган“.
Причина е недоразбирање во сообраќајот, односно паркинг место. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
Црна хроника
Кривична пријава против директорот на ЈП „Стрежево“ од Битола: набавил стар ратрак, а го платил како да е нов
Одделот за криминалистичка полиција, по добиената наредба од ОЈО Битола, презеде предистражни дејства и по обезбедената документација и извршен увид во неа, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднесе кривична пријава против М. Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево“ од Битола за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по чл. 353 од КЗ и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство од чл. 275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ. М. П. од Битола, управител на правно лице од Битола.
Имено, М. Г., знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач на снег – ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП „Стрежево“ од Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, а Љ. М. П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот што го нуди е произведен 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот што го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари, без ДДВ, иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денара, односно тој бил набавен од ЈП „Стрежево“ од Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М. Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ. М. П. стекнала противправна имотна корист.