Црна хроника
Кривична пријава за познат разбојник кој соголи скопјанец
Против 36-годишен скопјанец, познат на полицијата како сторител на повеќе десетици разбојништва, поднесена е кривична пријава и одредена му е мерка притвор од осум дена поради разбојништвото извршено пред речиси две седмица во центарот на Скопје, извести во саботата Министерството за внатрешни работи.
Осомничениот идентификуван како А.З. од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“ која на 8-ми февруари околу 20 часот на булеварот „Крсте Мисирков“, поточно на автобуската постојка наспроти МАНУ, од зад грб му пришол на оштетениот, го фатил за капата од јакната оштетениот и насила го повлекол наназад и со сериозна закана дека ќе го убие доколку не му даде пари.
Откако оштетениот одбил да му даде пари, пријавениот со тупаница го удрил во пределот на главата, го претресол и од џебот од тренерките му го одзел мобилниот телефон, а потоа ја протнал раката во внатрешниот џеб од јакната каде пронашол и одзел 370 денари, по што му ги соблекол патиките и јакната, ги одзел истите и со трчање го напуштил местото на настанот.
По преземените мерки и активности од страна на полициски службеници утврден е идентитетот и адресата на пријавениот, и по него била распишана локална потрага и веќе следниот ден по разбојништвото страна на припадниците на полициската единица „Алфа“ бил пронајден и приведен. Кај него се пронајдени работите што ги украл од оштетениот.
Инаку пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 1995 до 2002 година поднесени му се 31 кривична пријава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.