Црна хроника
Македонски државјанин фатен со околу 300 грама хероин на Прешево
Македонски државјанин од турска националност се обидел да прошверцува околу 300 грама хероин на граничниот премин Прешево, соопштуваат од Српската царинска управа, јавува Танјуг.
Македонскиот државјанин патувал заедно со свој сограѓанин од албанска националност и планирал да ја пренесе дрогата од Македонија во Унгарија. Дрогата ја откриле цариниците и граничната полиција синоќа околу 19.30 часот.
Како што соопштуваат од српската царинска управа, откако на границата запреле возило марка „БМВ 520“ и направиле пасошка контрола на патниците, цариниците го замолиле возачот да излезе од автомобилот за да му направат детален преглед.
Уште кога излегол од возилото забележале „задебелување“ во пределот на појасот и токму таму нашле три кеси со 283 грама хероин по џемперот, залепени за појасот.
Патниците се предадени на српското МВР./крај/тј
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.