Црна хроника
Неофицијално: Четири куршуми во возачот на брканиот автомобил на Партизанска
Возачот од автомобилот кон кого било пукано и се превртел по бркотница на булеварот „Партизански одреди“ по полноќ кон вторникот, се здобил со четири прострелни рани, неофицијално велат болнички извори за Макфакс.
Според засега непотврдените информации, повреденото лице со иницијали Д.Т. од Скопје, било погодено со четири куршуми, во слезената, градите и вратот, и бил контактибилен.
Претходно медиуми објавија дека станува збор за лице кое пред неколку месеци било инволвирано во физичка пресметка во угостителски објект во населбата Аеродром.
Како што беше претходно известено, бркотницата по „Партизанска“ во која учествувале неколку автомобили започнала кај бензинската станица на „Макпетрол“ во правец кон населбата Ѓорче Петров, по што едно од возилата удрило во бетонска жардинера и се превртело на коловозот.
Првичните информации се дека лицето кое веднаш било пренесено на КАРИЛ, било од возилото кое се превртело, кое било бркано од друг автомобил до кој било стрелано кон него.
Местото на инцидентот е блокирано од полицијата. Таму се излезени припадници на единицата „Алфа“ и од службеници на крим-техникна./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.