Црна хроника
Откриени 25 мигранти од Сирија, еден од Судан и тројца од Сомалија
Полицијата откри вкупно 25 мигранти од Сирија, еден од Судан и тројца од Сомалија минатата недела во три одвоени случаи, соопшти МВР. Против три лица е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти, а на двајца од шверцерие, судија во претходна постпака му изрече мерка притвор во траење од осум дена.
Во првиот случај четири сириски мигранти заедно со пријавениот С.Н. од село Марвинци затекнати се во близина на напуштен објект кај местото “Стара кафана“. Илегалните мигртанти по документирањето на случајот се предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје.
Во вториот случај пријавениот Д.М. истот така од Марвинци со камион фургон марка “пежо боксер“ со гевгелиски регистарски таблички, по претходен договор со лице од Пакистан, на патниот правец Марвинци-Балинци кај местото. “Канал“ прифатил 20 сириски државјани од кои четворица поседувале и грчки документи, со цел да ги превезе до наплатната рампа пред Куманово за сума од 130 евра од лице.
Но набргу по тргнувањето кај раскрсница Валандово-Дојран-Струмица од страна на полициски службеници со светлечка стоп палка му е дадено знак СТОП да застане, при што Д.М. не ја почитувал дадената наредба ја зголемил брзината на возилото и се упатил во правец на село Раброво, и кај местото. “Штали“ го запирел возилото и избегал со поголем дел од мигрантите. Набргу е фатен и приведен во полициската станица Гевгелија.
И во третиот случај пријавениот С.К. управувајќи автомобил марка „ Југо Темпо 1.1“ со струмички регистарски таблички се обидел од близината на село Јосифово, валандовско до Скопје да превезе пет илегални мигранти, но бил фатен при контрола во близина на Демир Капија. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов- Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовчанец агресивно се однесувал со полицаец кој вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.