Црна хроника
Пијан возач усмртил велосипедист во штипско
Пијан возач на „лада нива“, во неделата попладне прегазил осумдесетгодишен велосипедист, кој починал на лице место, на регионалниот пат село Аргулица, штипско.
Педесет и едногодишниот штипјанец кој управувал со ладата удрило во велосипедот, управуван од осумдесетгодишен негов сограѓанин. Возачот на велосипедот починал на самото место, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Било извршено алкотестирање на возачот и било утврдено присуство на 1,60 промили на алкохол во организмот. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.