Црна хроника
Полицаец обвинет во „Дива населба“ тврди дека во „играта“ се вмешани припадници на државната безбедност
Полицаецот Арсим Бајрами кој е последен од обвинетите во случајот „Дива населба“ тврди дека настаните во Куманово „се игра во којашто се вмешани и припадници на државната безбедност“ и изрази надеж дека одбраната во текот на постапката ќе може со име и презиме да ги докаже учесниците.
„Тие сакаа со мене како припадник на МВР да ги покријат своите игри, мене ме искористија како завеса за вмешаноста на припадниците на МВР“, рече Бајрами. Неговиот адвокат додаде дека Бајрами не е полицаецот кој пукал кон свои колеги, тој дента на 9-ти мај бил дома, во неговата семејна куќа во кумановското село Ваксинце, по што бил повикан да дојде на работа во полициската станица во Куманово каде бил уапсен.На денешното судско рочиште воведни зборови дадоа адвокатите на обвинетите и дел од обвинетите кои обелоденија дека водачите на групата, Мирсад Н’дрецај и Бег Ризај, како и уште двајца членови на групата биле убиени во полициска станица откако се предале. Според дел од обвинетите, тие биле искористени за политички цели.Судењето продолжува на 23-ти февруари кога се очекува да бидат повикани сведоци на обвинителството./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.