Црна хроника
Се урна хеликоптер во Струмица, има настрадани
Хеликоптер се урна во четврток доцна навечер во близина на индустриската зона во Струмица, при што леталото веднаш по падот се запалило.
Нема официјална информација за тоа дали станува збор за полициски или воен хеликоптер, како и за бројот на патниците што се наоѓале во леталото, за што надлежните министерства за внатрешни работи и за одбрана сѐ уште немаат детали.
На местото на настанот се истражни екипи кои ги утврдуваат причините за хеликоптерската несреќа.
Во извештајот на Канал 5 неофицијално се наведува дека во близина на несреќата којашто се случи по 22 часот, биле пронајдени две безживотни тела на припадници на граничната полиција или на АРМ.
Според непотврдени сознанија и изјави на очевидци, хеликоптерот од типот „Ми-17“ најверојатно превезувал припадници на граничната полиција од преминот Ново Село, а при слетувањето удрил во антена од предавател и по падот на земјата експлодирал./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.