Црна хроника
Шест возила се излизгале на патот Охрид – Кичево
Пет патнички и едно товарно возило се излизгаа од коловозот на магистралниот пат ОхридКичево на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека, при што нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета, информираше Секторот за внатрешни работи Охрид.
Според полициското соопштение, причините за излизгувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење кон условите на патот.
„СВР Охрид веќе го засилува полициското присуство на патниот потег ОхридКичево, направена е координација и со полициската станица од Кичево за интензивирање на полициски патроли на магистралниот пат на потегот од Извор до Пресека. За настанатата состојба, СВР Охрид ја извести „Македонијапат“, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општинскиот кризен штаб, како и другите надлежни инстанци“, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на препораките на полициските службеници и на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.
Екипа на СВР Охрид во која има претставник на Општинскиот совет за безбедност ќе направат увид на патниот потег каде е случено излетувањето на автомобилите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.