Црна хроника
Скопјанка нападната со бејзбол палки, ја бркале две возила на пат кон Скопје
Скопјанка била нападната со бејзбол палки во петокот вечерта кога со своите двајца синови со автомобил „мерцедес“ оделе од Прилеп кон Скопје.
Додека се движеле со автомобилот со холандски регистерски ознаки, пред бензинска пумпа ги пресретнало друго возило марка „мерцедес“ со прилепски регистерски ознаки и се паркирало пред нив. Од возилото излегле едно непознато машко лице и едно непознато женско лице кое го спречувала да направи проблем.
Откако го продолжиле патот, по кратко време ги престигнало комбе, управувано од непознато лице, кое ги удрило во задниот дел од возилото и од страната, а потоа се паркирало пред нив и од комбето излегле неколку непознати лица.
Еден од синовите кој го управувал возилото веднаш го свртил автомобилот кон Прилеп, но комбето ги пристигнало и повторно ги удрило од позади и ги исфрлило од патот, по што се превртеле.
Во тој момент пристигнало и лицето кое го управувало „мерцедесот“ со прилепски ознаки, извадило бејзбол палка и заедно со лицата од комбето кои исто така имале палки почнале да и се приближуваат на жената.
Нејзините синовите избегале, а жената останала сама кај возилото. Лицето кое го управувало „мерцедесот“ ја удрило два пати во пределот на рамото и нозете, по што таа паднала во бессознание.
Полицајци излегле на лице место, а жената и нејзините синови биле префрлени во Медицинскиот центар во Прилеп. На двете лица од „мерцедесот“ им бил утврден идентитетот и по истите се трага, а се работи на утврдување на идентитетот и на останатите лица и нивно пронаоѓање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.