Црна хроника
Шофер на автобус нападнат и ограбен, му украле 800.000 денари
Три непознати лица нападнале и ограбиле возач на автобус и му украле 800.000 денари.
Во понеделникот попладне, околу 16 часот дваесет и деветгодишниот возач со автомобил „поло“ сопственост на неговата фирм „Јадран“ дошол во кругот на ЖАС да изврши проверка на автобусот со кој требало да оди на пат.Откако ја отворил вратата од хангарот, непознато машко лице го удрило со пиштол по грб и го внело внатре во хангарот каде влегле уште две лица. Трите лица го удирале по телото и го внеле во автобусот, а потоа со закана со оружје му одзеле 800.000 денари. Потоа му ги врзале рацете и нозете со лисици, го оставиле внатре во автобусот, и го напуштиле местото со неговото возило. Подоцна возилото било пронајдено на бул.„Никола Карев“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот./крај.мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.