Црна хроника
Триесетдневен притвор за осомничениот за убиствата во Кавадарци
Судија во претходна постапка во Основниот суд Велес му одреди триесетдневен притвор на осомничениот Тони Станоев за трикратното убиство во Кавадарци.
Тој утрово беше на распит во Велешкиот суд за да ги објасни мотивите за трикратното убиство. Осомничениот беше уапсен во вторникот на гробиштата во Кавадарци со пиштолот во раце, со којшто го изврши трикратното убиство.Осомничениот во неделата ги уби таткото, мајката и сестрата на својата сопруга, со која биле во брак десет години и имале две малолетни деца. Пред извесно време сопругата започнала бракоразводна постапка, а против него и претходно имало пријави за семејно насилство.Осомничениот во текот на конфликтот од 2001-та бил ангажиран во резервниот состав, а за пиштолот што го поседувал имал дозвола. Во четврток ќе бидат погребани жртвите на масакрот, а градоначалникот денот на погребот го прогласи за ден на жалост./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.